Самад АС е фирма основана 2006год, како продавница за разубавување на вашите автомобили. Како главна дејност од самиот почеток е производството на навлаки за сите типови автомобили.
Почнувајки со мали производстени капацитети, и магацински простории, почнуваме да го пробиваме Македонскиот Пазар, и да ги задоволуваме потребите на нашите клиенти. Веке во 2007год, почнуваме со продажба и дистрибуција на нашите производи насекаде низ Македонија. Во 2008 година, добиваме застапништво за реномираната компанија за бои и авто козметика “ Дупли Колор МОТИП” од Холандија, чии производи почнуваме да ги пласираме на Македонскиот Пазар.
Со текот на работата и зголемувањето на производството, почнуваме нашата понуда на производи да ја зголемуваме, да додаваме нови модели на универзални навлаки, и да бидеме конкурентни и на странските пазари, така што веќе во 2009год , почнуваме да работиме и надвор од Македонија. Истата година почнуваме со дистрибуција и на гумените патосници Гледринг, кои како непознат бренд се пробиваат на пазарот. Денес, тие важат за најреномиран и најквалитетен бренд на патосници во Македонија.
Квалитетот кој го нудиме, брзата и професионална услуга, зголемувањето на понудата , се создаде потреба од проширување на производството, отварање на нови погони и секако малопродажни места. Во јуни 2014год, се отвара нашата нова фабрика, на над 1000м2 , лоцирана во индустриска зона Визбегово, каде што ни се и магацинските простории, и изложен салон за нашите производи. Веќе во 2015год, во центарот на Скопје, нашата фирма се стационира со уште една малопродажба, продавницата Ауто5 која важи за најмодерна и најснабдена продавница во Скопје. Во 2016, на 10год од основањето, фирмата брои 20 вработени, важи за една од најдобрите произведувачи на навлаки во Македонија и пошироко, со 2 продавници за малопродажба, и над 400 клиенти низ Македонија.