Самад АС е фирма основана 2006год, како продавница за разубавување на вашите автомобили. Како главна дејност од самиот почеток е производството на навлаки за сите типови автомобили.

Почнувајки со мали производстени капацитети, и магацински простории, почнуваме да го пробиваме Македонскиот Пазар, и да ги задоволуваме потребите на нашите клиенти. Веке во 2007год, почнуваме со продажба и дистрибуција на нашите производи насекаде низ Македонија. Во 2008 година, добиваме застапништво за реномираната компанија за бои и авто козметика “ Дупли Колор МОТИП” од Холандија, чии производи почнуваме да ги пласираме на Македонскиот Пазар.

Со текот на работата и зголемувањето на производството, почнуваме нашата понуда на производи да ја зголемуваме, да додаваме нови модели на универзални навлаки, и да бидеме конкурентни и на странските пазари, така што веќе во 2009год , почнуваме да работиме и надвор од Македонија. Истата година почнуваме со дистрибуција и на гумените патосници Гледринг, кои како непознат бренд се пробиваат на пазарот. Денес, тие важат за најреномиран и најквалитетен бренд на патосници во Македонија.

Квалитетот кој го нудиме, брзата и професионална услуга, зголемувањето на понудата , се создаде потреба од проширување на производството, отварање на нови погони и секако малопродажни места. Во јуни 2014год, се отвара нашата нова фабрика, на над 1000м2 , лоцирана во индустриска зона Визбегово, каде што ни се и магацинските простории, и изложен салон за нашите производи. Веќе во 2015год, во центарот на Скопје, нашата фирма се стационира со уште една малопродажба, продавницата Ауто5 која важи за најмодерна и најснабдена продавница во Скопје. Во 2016, на 10год од основањето, фирмата брои 20 вработени, важи за една од најдобрите произведувачи на навлаки во Македонија и пошироко, со 2 продавници за малопродажба, и над 400 клиенти низ Македонија.

Мисија

Samad-AS is a company that exists for the seventh year on the Macedonian market and meets the needs of car holder. The main activity of our company is production and distribution of car seat covers. Direct import of raw materials allows us to achieve best quality and best prices for our customers. We have a wide range of different materials, colors and patterns. Furniture and auto upholstery fabrics are materials of the highest quality offered on the world market and you can find these fabrics only at SAMAD-AS.

Визија

Визијата за иднина, е секако задржувањето на квалитетот и професионализмот.

Цел

Целта на нашата фирма, е останувањето на врвот во производството на навлаките, проширувањето и комплетирањето на понудата за одржување и козметика на возилата. Во 2016 почнуваме со сервис за тапацирање кровови , хемиско чистење и полирање возила. Отварањето на повеке малопродажни места е главна цел за периодот што следи.